Екипите на актуелниот првак Канзас Сити чифс и Сан Франциско 49-ерс, ќе играат во големото финале на плејофот во НФЛ-лигата во американски фудбал, популарниот Супербоул.
Супербоулот ќе се одигра на 12 февруари во Лас Вегас.
Чифс во конференциското финале беа подобри од Балтимор рејвенс со 17-10, а во другото конференциско финале имаше голем пресврт и драма. Сан Франциско го победи Детроит со 37-34, иако Лајонс на полувреме имаше предност од 17 поени разлика.
Феноменалните 49-ки направија серија од 27-0 и го свртеа резултатот во своја полза, ова е најголем пресврт во историјата на конференциските финалиња во НФЛ. За Сан Франциско ова ќе биде прв Супербоул по 2019 година.