„Сан“ ги израдува Англичаните: На СП во Саудиска Арабија ќе се продава алкохол

Веќе е сосема извесно дека Светското првенство во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија, со оглед на тоа дека останаа единствени кандидати за организација на светскиот собир на најдобрите фудбалски репрезентации откако Австралија се откажа во последен момент.

Ова предизвика „паника“ помеѓу англиските навивачи, со оглед на тоа дека се работи за муслиманска земја и продажбата и конзумирањето алкохол е строго забрането.

Сепак, англискиот весник „Сан“ пренесува информација дека Саудиска Арабија се согласила и се обврзала дека ќе дозволи точење и конзумирање алкохол во хотелите и во фан-зоните на навивачите, слично како што беше и на Светското првенство во Катар минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести