Сан Хозе и Сент Луис го отвораат финалето на Западот во НХЛ лигата

Сан Хозе шаркс – Сент Луис блус (02 часот – Прв натпревар, финале Запад)

Двете екипи многу се потрошија за да стигнат до конференциското финале на Западот. Сан Хозе и во првата и во втората рунда играше по седум натпревар против Колорадо и вицешампионот Вегас, додека Сент Луис во шест меча беше подобар од Винипег, за пласманот во финалето да го бара во мајсторката против Далас.

Не се исклучува можноста и оваа серија да биде неизвесна и се одлучува во максималниот број на одиграни натпревари. Но, знаејќи Ајкулите имаат само два порази на домашен терен во овие разигрувања, нема да биде изненадување ако ноќеска први стигнат до триумф. Ако се гледаат дуелите од регуларниот дел од сезоната, Сан Хозе има подобар учинок од 2-1, а двете победи ги оствари пред домашна публика.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

Колумбус кру – Лос Анџелес (01 часот, МЛС лига)

Актуелниот лидер на табелата во Западната конференција е без победа во последните два меча, што значи дека тимот на Лос Анџелес ноќеска мора да ги освои трите бода за да остане на врвот. За нивна среќа, градскиот ривал ЛА галакси не ги искористи нивните две ремија и со два порази во низа останаа на второто место, но разликата е минимални два бода.

Колумбус не им е добро познат противник, но во единствената меѓусебна средба Лос Анџелес славеше со 2-0, а треба да се знае дека тие се најефикасниот тим моментално во МЛС лигата.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.22)

 

Колорадо рапидс – Реал Солт Лејк (03 часот, МЛС лига)

Колорадо е единствената екипа од Западот која по 10 меча уште нема запишано победа. Во тие 10 натпревари осум пати загубиле, додека останатите две средби издржале да ремизираат.

Од катастрофалната форма на Рапидс, може да профитира Солт Лејк. Гостите можат да ги заборат поразите од Галакси и Портланд и да направи подвиг на табелата во раната фаза од шампионатот. Исто така треба да се знае дека кога последен пат кога фудбалерите на Солт Лејк гостуваа на „Дикс спортингс гудс парк“ се радуваа со огромни 6-0.

Предлог тип:  1+I & 2+II (2.45)

 

Сиетл саундерс – Хјустон дајнамо (04 часот, МЛС лига)

Сиетл и Хјустон во изминативе неколку сезони редовно приредувале интересни пресметки со полни мрежи. Саундерс бележат пет последователни победи против нивниот следен противник, што значи дека Хјустон ќе има тешка задача да стави крај на негативната серија.

Но треба да се знае дека Сиетл веќе четири кола не може да дојде до три бода, па можеби тимот од Тексас ќе може да ја искористи лошата форма и да изненади.

Предлог тип: 1X & 3-5 (2.30)

- Оглас -

Најнови вести