Сан Паоло од денеска е стадион „Диего Армандо Марадона“, сефте во чест на легендата ќе гостува Реал Сосиедад

Градските власти во Неапол само ја потврдија и официјално одлуката што се чекаше и од денеска стадинот на Наполи „Сан Паоло“ е преименуван во „Диего Армандо Марадона“, во чест на фудбалската икона, која почина на 25. ноември.

Марадона е божество во Неапол и во регионот, остави длабока трага во клупската историја на Наполи, а веднаш по неговата смрт беше покрената иницијатива градскиот стадион во Неапол да го носи неговото име.

Тоа и официјано е потврдено денеска, а првиот меч со новото име на стадионот во чест на големата фудбалска легенда Наполи ќе го одигра во четврток против Реал Сосиедад, во клучниот меч за пласман понатаму во Европа Лигата.

Прв меч во Серија А на „Диего Армандо Марадона“ стадионот ќе се игра идната недела, кога во Неапол ќе гостува Сампдорија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести