Милан мораше да надополнува негатива од еден гол, а потоа и да оствари пресврт по само 15 минути во премиерниот дуел против Удинезе во Серија А, за сепак резултатот да е 2-2 по првите 45 минути.
Актуелниот првак по само две минути прими гол, Бекао беше стрелецот за Зебрите за шок на „Сан Сиро“. Предноста на Удинезе траеше кратко, бидејќи Ернандес израмни на 1-1 по прецизно изведениот пенал во 11-тата минута, за Ребиќ со одличен волеј да го оствари пресвртот од 2-1 веќе во 15-тата минута.
Сепак, наместо Милан да ја сочува предноста, Масина израмни на 2-2 во четвртата минута од судиското надополнување за одлични 2-2 на теренот во Милано.
Во вториот меч од првото коло кој се игра моментално, Аталанта води со минимални 1-0 на гостувањето кај Сампдорија, откако на домаќините им беше поништен гол поради офсајд.