29.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

„Сан Сиро“ заминува во историјата, Милан добива нов стадион со 70.000 седишта

Сопственикот на поранешниот европски шампион, Милан, најави изградба на нов стадион.

Зборувајќи во Лондон на самитот кој го организира „Фајненшл тајмс“, Гери Кардинеле, најави дека Милан наскоро ќе има „нов дом“ со 70.000 седишта.

„Тоа би требало да биде добро не само за Милан, туку и за Серија А и за Италија“, рече Кардинале.

Милан и градскиот ривал Интер веќе извесно време размислуваат да го напуштат „Сан Сиро“, кој е во сопственост на градските власти, и да изградат свои стадиони.

Кардинале веќе ги најави првите чекори во изградбата на нов дом за Милан.
„Ќе отворам компанија која ќе го гради новиот стадион, а потоа искрено сакам таа компанија да гради стадиони и за сите други екипи во Серија А“, изјави Кардинале, кој е основач на инвестицискиот фонд „Редбирд капитал“, кој во 2022 година за 1,2 милијарда евра го купи контролниот пакет акции во Милан.

- Оглас -

Најнови вести