Манчестер јунајтед води со 2-1 по 40 минути игра против Арсенал во мечот од четвртото коло во ФА Купот. „Црвените ѓаволи“ стигнаа до предност на „Емирати“ по половина час игра, и тоа преку ексфудбалерот на „топчиите“ Алексис Санчез.
Чилеанецот се врати на терените по долга пауза поради повреда, а за првпат откако игра за Јунајтед постигна гол против Арсенал, и тоа пред навивачите на клубот од Лондон.
Јунајтед само две минути подоцна поведе и со 2-0 преку Џеси Лингард, додека асистент на двата погодоци беше Ромелу Лукаку. Пред паузата домаќините успеаја да намалат на 2-1 преку Обамејанг.
https://www.dailymotion.com/video/x71aww8