Англискиот фудбалер Џејдон Санчо најверојатно до крајот на сезонава ќе игра како позајмен за Борусија Дортмунд.
Санчо се прослави играјќи за Борусија од 2017 до 2021 година, а пред две години направи скап трансфер во Манчестер јунајтед. Но, поради недисциплина, сезонава е отстранет од тимот на Црвените ѓаволи и не сметаат на него, барем не додека менаџер е Ерик тен Хаг.
Борусија и Јунајтед веќе почнале преговори околу позајмицата на Санчо. Откако ќе се договорат условите и начинот на плаќање на платата, Санчо може да се врати во германското првенство, каде што ги прикажуваше најдобрите игри во кариерата.