Џејдон Санчо е цел на голем број европски гиганти, го бараат клубови од Топ-5 лигите на Стариот Континент и иако фаворити се англиските клубови, сепак постои можност талентираниот офанзивец да смени правец и да заигра во Ла Лига.
Санчо во изјава за „Ивнинг стандард“ истакна дека сон му е да игра во шпанското првенство, па растат шансите, пред сè на Барселона и на Реал Мадрид да го ангажираат младиот англиски репрезентативец.
Според информациите од медиумите, Борусија ќе бара отштета од 140 милиони евра, а во трка за ангажман на Санчо се Челзи и Манчестер јунајтед, а се споменува и Ливерпул.
Сега ако се следат и пресвртот и желбата на Санчо да игра во Ла Лига, растат и шансите на Реал Мадрид и на Барселона, можеби и на некој трет клуб од Шпанија.