На двајца фудбалери на Борусија Дортмунд, пасошите им останаа дома, па летот на авионот со кој „милионерите“ заминаа кон Лондон, доцнеше. Еден од тие двајца играчи е Џејдон Санчо, 18-годишната ѕвезда на Дортмунд, а интересно е што Санчо е роден во Лондон, и со заборавањето на пасошот како да сакаше да покаже дека и не го чекал со нетрпение заминувањето во родниот град, каде утре Борусија игра со Тотенхем во осминафиналето на ЛШ.
Санчо и Французинот Абди Дијало (има 22 години), дури на аеродромот сфатиле дека направиле голема грешка и не ги понеле пасошите со себе, па се враќале дома по неопходниот документ, а останатите играчи останале на аеродромот и ги чекале.
Проблемот кој го направија Санчо и Дијало не е толку голем, бидејќи тимот сепак стигна во Лондон доволно време пред предвидениот термин за тренинг на „Вембли“. Кај Борусија за дуелот со Тотенхем ќе го нема капитенот Марко Ројс, голгетерот Пако Алкасер, како и Џулијан Вајгл и Лукас Пишчек.