Санчо испиша историја, Дортмунд се провлече во Келн (Видео)

Борусија Дортмунд славеше со 3-1 на гостувањето кај Келн и тоа со пресврт, откако домашните водеа со 1-0 по првото полувреме. Келн се врати во првата лига, имаше голема поддршка од трибините, но не издржа до крај. Творци на пресвртот беа Санчо во 70-та и Хакими во 86-та минута, а победата ја потврди Алкасер во судиското продолжение. Во составот на Келн го немаше Дарко Чурлинов, кој на тренинг ја повредил задната ложа.

За Борусија ова е втора победа во две кола, а Келн остана без бод, и не успеа да го израдува јарецот Хенри. Келн на 30 домашни меча по ред дава барем по еден гол, но тоа им е мала утеха.

Англичанецот Санчо со 19 години и 151 дена е најмладиот фудбалер во историјата на Бундеслигата кој дал 15 гола во германскиот шампионат. Досегашниот рекорд го држеше Хорнст Копел од 1967 година.

Ова е голот на Ашраф Хакими за победа:

https://twitter.com/i/status/1164995170338820096

- Оглас -

Најнови вести