Санчо летоска ќе се врати во Англија, треба да биде спас за грогираниот гигант

Англискиот репрезентативец Џејдон Санчо на крајот од сезонава ќе си замине од Борусија Дортмунд и ќе се врати во Англија. Ова го тврди англискиот „Скај спорт“, кој предвидува дека Манчестер јунајтед ќе биде следниот клуб на еден од најталентираните тинејџери во светот.

Санчо дојде во Борусија Дортмунд во 2017 година од тимот на Манчестер сити. Граѓаните решија да го ослободат Санчо, а Борусија Дортмунд доби одличен играч. Санчо сезонава игра одлично. Тој беше првиот играч во Топ 5 лигите со дабл-дабл учинок, а сега има 15 голови и 17 асистенции во 29 одиграни средби за Милионерите.

Актуелниот договор на Санчо со Борусија Дортмунд е до 2022 година, што значи дека доколку Манчестер јунајтед сака да го доведе на „Олд Трафорд“, ќе мора да плати солена сума за обесштетување. Шпекулациите се дека Санчо веќе ги договорил личните услови со Црвените ѓаволи, па сега се чека само да се договорат двата клуба.

Од Борусија најавија дека нема шанси да го продадат Санчо за сума под 90 милиони евра, што е повеќе од 10 пати заработка, ако се знае дека пред три години пристигна за сума само од осум милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести