17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Санчо се договори со Јувентус, но има еден проблем

Џејдон Санчо постигнал договор со челниците на Јувентус, но неговиот трансфер во италијанскиот гигант треба да се реализира дури откако „зелено светло“ ќе даде Манчестер јунајтед.

Според „Тотоспорт“, крилниот играч се согласил на четиригодишен договор со Јувентус, а годишно да заработува пет милиони евра. Со ова, Санчо едноставно се согласил на многу помала плата од таа што ја добива во моментов во Манчестер, клуб во кој нема иднина за него. Тој затоа сака да си замине за да може да биде во тим во кој ќе може да игра.

Најавите се дека Манчестер јунајтед за овој трансфер бара 25 милиони евра, а Јувентус е подготвен да даде 15 милиони евра. Остануав двата тим да успеат да најдат заедничко решение за да се комплетира трансферот на некогашниот англиски репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести