Санчо се врати во Јунајтед, недоразбирањата со Тен Хаг се минато?!

Џејдон Санчо и официјално се врати во Манчестер јунајтед и според информациите кои пристигнуваат од Островот, тој ќе биде дел од екипата во подготвителниот период. Левото крило минатата полусезона беше дел од Борусија Дортмунд како позајмен фудбалер, откако влезе во конфликт со тренерот, Ерик тен Хаг, па беше отстранет од екипата.

Медиумите од Островот пренесуваат дека недоразбирањата на релација Санчо – тен Хаг се минатото и двајцата се договориле да заборават што се случувало и тоа се за доброто на екипата.

Англискиот репрезентативец пред три години беше купен за 85 милиони евра од Борусија Дортмунд, а неговата вредност во моментов изнесува 30 милиони евра. Санчо има договор со Манчестер јунајтед за уште две сезони.

- Оглас -

Најнови вести