Санчо се врати во првата постава на Јунајтед, па сега прави сензационален трансфер

Џејдон Санчо на пријателскиот меч против Глазгов ренџерс беше стартер за екипата на Манчестер јунајтед, па се чинеше дека проблемите помеѓу него и тренерот Ерик тен Хаг се надминати. Сепак, последните информации велат дека за него место на „Олд Трафорд“ ќе нема и ќе мора да прави трансфер.

На негова адреса веќе има понуда од ПСЖ, а информациите од Островот велат дека фудбалерот со Светците ги договорил личните услови, а сега останува да се договорат само клубовите околу висината на обесштетувањето.

Санчо во Манчестер јунајтед дојде од Борусија Дортмунд за 73 милиони евра. Сепак, откако не ги исполни очекувањата, влезе во конфликт со тренерот, па пролетниот дел од минатата сезона го мина како позајмен во редовите на Милионерите и успеа да стигне до финалето на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести