Ливерпул победи со 1-0 на гостувањето кај Сандерленд во дуел од Премиер лигата, по што Црвените го држат шестото место на табелата.
Актуелниот англиски првак до победата дојде со гол на Вирџил Ван Дајк, кој го глава го најде патот до мрежата по 10-тиот корнер на Ливерпул вечерва, кој го изведе Мохамед Салах. Египќанецот стана седми најдобар асистент во историјата на Премиер лигата.
Интересно е дека за Сандерленд ова е прв пораз сезонава на домашен терен, а ова им беше 13-ти меч, но за нив Ливерпул е традиционално непремостлива пречка, 14 години немаат победа против овој клуб.
На овој меч двата тима почнаа со 11 странци во своите состави и тоа беше само четврти таков пример во историјата на Премиер лигата.

