Сандро Тонали налето се сели во Реал Мадрид?!

Реал Мадрид е во потрага по нов играч за средниот ред и можно е да го пронајде во редовите на Њукасл. Според британските медиуми, „кралскиот“ клуб испратил скаути на стадионот „Етихад“ за да го анализира идниот европски ривал Манчестер Сити, но тие имале и дополнителна задача – да го „набљудуваат“ Сандро Тонали.

Реал Мадрид бара фудбалер со сличен профил по заминувањето на Тони Крос, улога која италијанскиот репрезентативец би можел совршено да ја пополни.

Клубот предводен од Флорентино Перез на тој начин ќе им се приклучи на Манчестер Сити и Арсенал во трката за потписот на Тонали. Станува збор за трансфер кој лесно би можел да ја надмине сумата од 100 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести