Сане е подготвен и на намалување на платата само да остане во Баерн Минхен

Германскиот гигант Баерн Минхен е подготвен да му понуди нов тригодишен договор на крилниот фудбалер Лерој Сане, но тој ќе мора да се согласи на одредено намалување на годишната плата.


Според информациите од Германија, клубот е задоволен од настапите на 29-годишниот играч и сака да го задржи во своите редови и по завршувањето на тековниот договор.

Сане, кој се приклучи на Баерн во 2020 година од Манчестер сити, сезонава има одиграно 37 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 гола и забележувајќи пет асистенции. Неговите игри оставија позитивен впечаток кај раководството на клубот, поради што се планира продолжување на соработката.

Сепак, новиот договор ќе биде понуден под услов Сане да прифати намалување на платата, што, според информациите, играчот е подготвен да го направи бидејќи има желба да остане во Минхен.

Од друга страна, интерес за Сане покажува и англискиот премиерлигаш Арсенал, кој наводно веќе стапил во контакт со претставниците на фудбалерот. Лондонскиот клуб го гледа Сане како потенцијално засилување на офанзивниот дел од тимот за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести