Сане им се закани на Шпанците: Ќе добиете тежок удар!

Германија и Шпанија ќе играат во најатрактивното четвртфинале на ова ЕП. Германија е домаќин и домашните фанови очекуваат да оди до самата завршница но сега за ривал ја има Шпанија, која е единствена перфектна на овој турнир. Во четирите меча кои ги одигра, Црвената фурија има исто толку победи.

И покрај одличната форма на Шпанија, играчот за врска на Германија, Лерој Сане, верува во победа на Панцерите.
„Знаеме дека Шпанија сака да игра висок пресинг и да ја одземе топката, па брзо да тргне во напад. Тоа значи дека ќе има поголем простор на нивната половина. Имаат и дополнително оружје во младите и брзи Ламин Јамал и Нико Вилијамс. Играат многу самоуверено, но сепак знаат дека нема да им биде лесно против нас. Ако ни се укаже шанса, ќе ѝ зададеме силен удар на Шпанија“, рече Сане.

Овој дуел ќе се игра на 5 јули во Штутгарт, а интересно е дека во петте нивни меѓусебни дуели, двете репрезентации имаат по една победа, а трипати било нерешено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести