20.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Сане предвреме го потврди новиот голем трансфер во Премиер лигата

Лерој Сане денес го дочека официјалното претставување во новиот клуб Баерн Минхен, иако преселбата од Манчестер сити ја оствари пред извесно време. На прес-конференцијата, покрај тоа што зборуваше за себе и за Баварците, Сане не сакајќи го потврди новиот голем трансфер во Премиер лигата.

„Челзи со ангажманите на Вернер и Хаверц успеа за едно лето да доведе два суперталенти од Германија“, истакна Сане.

Познато е дека Челзи и Баер Леверкузен работат на зделка околу услугите на Кај Хаверц, понудата од 100 милиони евра е прифатена и талентираниот офанзивец веќе ги договори условите. Се очекува Хаверц да потпише петгодишен договор, според кој ќе заработува 7,3 милиони фунти по сезона.

- Оглас -

Најнови вести