Санкт Петербург слави, Зенит е шампион на Русија, изедначи историски рекорд

Со победата кај Краснодар од 4-2, екипата на Зенит на четири кола успеа да ја освои шампионската титула во руското првенство. Тимот на тренерот Сергеј Семак изедначи рекорд бидејќи досега никој не успеал титулата во Русија да ја освои порано, а само уште московски Спартак од 1993 година, исто така на четири рунди до крајот, направи недостижна разлика пред вториот, но тогаш се играа 34 кола, а сега 30.

За Зенит ова е седма титула во клупската историја, а шеста во Русија и втора по ред. Шест титули има и ЦСКА Москва, а најуспешен е Спартак со 10 титули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести