Сањол едвај скрпи еден тим на првиот тренинг на Грузијците, го немаше италијанскиот хит од Наполи (Фото)

Вили Сањол денеска го одржа првиот тренинг на репрезентацијата на Грузија, исто како и нашиот селектор Благоја Милевски со своите избраници од македонската репрезентација, пред дуелот од петтото коло во Лигата на нациите закажан за 23 септември во Тбилиси.

Поранешниот познат француски ас, кој играше за три фудбалски гиганти, Сент Етјен, Монако и Баерн, одлично ја води Грузија и е во серија од 9 меча без пораз, но денеска само рутински одржа прв тренинг пред дербито со Македонија.

Сањол имаше на располагање само 11 репрезентативци, односно едвај еден тим, а останатите отсуствуваа заедно со првата ѕвезда Квича Кварацхелија, кој е во топ-форма, а е соиграч на Елиф Елмас во Наполи.

Квича и сите останати репрезентативци на Грузија од утре ќе бидат на тренинг во мини-подготовките од 3-4 дена за мечот со Македонија.

Ќе се игра на „Динамо арената“ во Тбилиси во петок од 18 часот, а моментно по четири кола, Грузија е лидер со 10 бода, пред Македонија со 7, Бугарија со 3 и Гибралтар со 1 бод.

 

 

- Оглас -

Најнови вести