Селекторот на Грузија, Вили Сањол, призна дека пласманот во осминафиналето на ЕВРО 2024 е достигнување кое ниту тој, ниту фудбалерите, не можеле дури и да го замислат пред почетокот на турнирот.
Грузијците победија со 2-0 против Португалија, а нивниот следен противник во нокаут фазата е Шпанија.
„Немам зборови со кои би ги опишал моите емоции. Многу сум горд на тоа што го покажавме. Среќен сум што сум тренер на овој тим. Искрено, не се сеќавам што точно им кажав на играчите пред натпреварот, но пораката се состоеше во тоа да не се изневериме самите себе. Бевме дисциплинирани кога Португалија ја поседуваше топката. Им советував на момците да се сетат како играле како млади, кога немале притисок. Тие ме послушаа и ги надминаа сите очекувања,” изјави Саньол.
„Тешко е да се споредуваат времињата кога бев фудбалер и сега како тренер. Уште не можеме да сфатиме што направивме. Веројатно тоа ќе се случи кога ќе загубиме,” истакна поранешниот француски репрезентативец.