Сањол: Македонија доминираше, но ние не ја загубивме стабилноста и дисциплината и затоа победивме

Селекторот на Грузија, Вили Сањол беше задоволен од резултатот и фактот дека неговиот плaн за освојување на првото место во групата, успешно е исполнет.

„Сакам да уживам со фудбалерите со сите кои се дел од овој национален тим за тоа што го направија во ЛН. Не ни беше план да оставиме Македонија да ја контролира играта и топката, но тие имаа нов систем на игра, плус ние имавме протисок пред мечот, затоа што моравме да го одбраниме првото место. По постигнување на првиот гол добивме поголема самодоверба. Македонија е добар тим, игра добар фудбал и нормално е некогаш Македонија да биде подобар тим од нас како денес. Сепак, нашиот тим не ја загуби стабилсноста и на крајот многу сум среќен што победивме“, рече Сањол по победата на Грузија.

- Оглас -

Најнови вести