Селекторот на Грузија, Вили Сањол, и неговиот тим сè уште имаат што да покажат и не се подготвени да се вратат дома по осминафиналето на Европското првенство во фудбал.
Грузијците приредија изненадување во групната фаза со победата над Португалија (2-0), пласирајќи се во осминафиналето, а сега им претстои натпревар против фаворитот Шпанија в недела во Келн.
„Уште ништо не е завршено. Не сакаме да се вратиме дома. Имаме натпревар против Шпанија, за кој треба добро да се подготвиме“, изјави Саньол за францускиот спортски весник „Л’ Екип“.
„Ќе има голема пречка пред нас,“ додаде Сањол, под чие водство Грузијците загубија четирипати во четири натпревари против Шпанија, вклучувајќи го и натпреварот со резултат 1-7.
„Моите играчи се подготвени да направат сè за својата земја. Ние ја направивме Грузија горда. Но, ние не сме само борбен тим како што нѐ претставуваат. Се обидуваме да играме добар фудбал, да имаме контрола над топката во различни фази од теренот,“ истакна францускиот стручњак.