Сањол: Среќен сум што победивме, но ако се гледа нашата игра во првото полувреме, ова е многу висок триумф

Селекторот на Грузија, Вили Сањол секако дека беше задоволен од резултатот и победата во Скопје. Сањол уште пред мечот најавуваше дека неговата селекција ќе оди на освојување три бода, а на крајот тоа го направија на убедлив начин.

„По мојата одлука да не менувам многу играчи од дуелот со Бугарија, знаев дека некои играчи може да бидат уморни, но решив да останат тие на теренот. На полувреме знаевме дека треба да промениме само некои мали работи, а играчите одлично тоа го спроведоа на теренот. Среќен сум што победивме 3:0, но ако се види првото полувреме, победа од 3:0 е висок резултат. Многу позадоволен сум од играта во второто полувреме“, рече предводникот на Грузија, Сањол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести