Сањол: Време е да ги израмниме сметките со Македонија, дојдовме да победиме

Фудбалската репрезентација на Грузија полна со самодоверба допатува во Скопје и со оптимизам го очекува утрешниот меч против Македонија на арената „Тодор Проески“. Грузијците во првите две кола забележаа две убедливи победи, и тоа над Гибралтар (4:0) и против Бугарија на гости со 5:2.

Селекторот на Грузија, некогашниот прославен фудбалер на Баерн Минхен, Вили Сањол, вели дека уште се болни сеќавањата од дуелот во Тбилиси речиси пред две години, кога Македонија славеше со 1:0 и се пласира на Европското првенство. Грузијците сега се дојдени да се реваншираат за тој пораз.

„Ја почитуваме Македонија. Со оваа селекција нè врзуваат болни сеќавања од мечот во Тбилиси. Домаќините ја имаат фаворитската улога, но тоа не значи дека ние предвреме се предаваме. Напротив, тука дојдовме да победиме. Македонија е наш голем должник. Одигравме два одлични меча на стартот од Лигата на нациите и така сакаме да продолжиме. Овој меч може да биде многу важен во трката за освојување на првото место и затоа атакуваме на трите бода“, рече Сањол.

 

- Оглас -

Најнови вести