Екипата на Санта Клара по пет сезони испадна од најквалитетна португалска фудбалска лига и веќе не е најзападната екипа во европскиот фудбал. Клубот е со седиште на Азорските Острови кои се наоѓаат во Северниот Атлантски океан, односно во главниот град Понта Делгада. Како автономен регион на Португалија, клубовите од овој архипелаг настапуваат во португалското првенство, но се вистински кошмар за останатите екипи кои треба да гостуваат таму.
Вистински проблеми имаше и чаирскиот Шкупи, кога пред две години во рамките на второто квалификациско коло на Конференциската лига гостуваше на Азорските Острови на дуел против Санта Клара.
Со тоа Санта Клара веќе не е најзападната екипа во европскиот фудбал и приматот му го препушта на исландскиот прволигаш Кефлавик.
Најисточна екипа оваа сезона во европскиот фудбал е казахстанскиот премиерлигаш Жетису од Талдикорган. Растојанието помеѓу најзападната и најисточната екипа во Европа е над 9.000 километри.