Санти Казорла го делат 90 минути од бесмртност и исполнување на сонот на Овиедо

Еспањол и Овиедо вечерва во Барселона во реванш баражот ќе одлучуваат кој од овие два тима ќе влезе во шпанската Ла Лига. Првиот меч го доби тимот од областа Астурија со 1-0, а Еспањол е фаворит за победа вечерва, според квотите во Sport Life.

Денешниот датум може да биде запишан со златни букви во историјата на клубот од Овиедо и да се испише една прекрасна приказна поврзана со ветеранот Сантијаго Казорла. Овој легендарен некогашен фудбалер на Вилјареал и Арсенал, има 39 години и реши кариерата да ја заврши во Овиедо, клубот во кој тренираше како млад од 1996 до 2003 година. Казорла е роден во град на само 11 километри од Овиедо.

Додека други негови врсници тргнаа по парите во Саудиска Арабија, Казорла минатото лето одлучи да се врати дома и да му помогне на Овиедо да се врати во Примера дивизија после пауза од 23 години. Санти сакаше да игра бесплатно, но тоа не е дозволено, па зема „минималец“ од 91.000 евра годишно.

Овиедо во овие 23 години никогаш не бил толку блиску до враќање во елитата, имаа период во кој испаднаа и во четврта лига, па затоа вечерашниот меч е да се биде или не за нив. Но, и Еспањол си има свои сметки и нема да има попуст за гостите, а тоа го прави интересен за гледање мечот од 18.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести