36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Тенискиот спектакл во Торино е како нарачан за игра на плус гемови

7102 Новак Ѓоковиќ – Андреј Рублев (АТП Торино, 14 часот)

Ѓоковиќ е голем фаворит против Рублев и според квалитетот, педигрето, успесите, титулите, а особено и поради искуството.

На завршните АТП-турнири, најдобриот свестки тенисер има пет пехари и ќе се обиде со нов триумф да се израмни на врвот на вечната листа со Федерер и Лендл, коишто имаат по шест трофеи.

Рублев играше слабо во последно време и на завршниот турнир во Торино пристигна со биланс од една победа на последните пет меча, но блесна на стартот од натпреварите со победа против Циципас.

Тој триумф може да му донесе и пласман во полуфиналето бидејќи веројатно ќе му треба уште една победа, денеска против Ѓоковиќ или во последното коло во Зелената група против Руд.

Рускиот тенисер може да игра порастоварено, нема што да загуби и може да биде опасен ривал за Ѓоковиќ, па ќе типуваме дека на мечот ќе има повеќе од 21 гем.

Предлог тип: >21.5 гем (1.90)

 

7104 Стефанос Циципас – Каспер Руд (АТП Торино, 21 часот)

Циципас загуби од Рублев на идентичен начин во двата сета, а кобен за него беше петтиот гем и во првиот и во вториот сет за незгоден пораз од 0:2.

Гркот мора денеска да победи ако сака да се надева на полуфинале, но досега неколкупати покажуваше слабост кога има императив.

Руд е аутсајдер, но одигра добар меч против Ѓоковиќ иако загуби со 0:2. Досега на три меѓусебни дуели успеа да освои само еден сет против Циципас, но моментно игра добар тенис и може да му парира на грчкиот тенисер.

Предлог тип: >22.5 гема (1.95)

 

1133 Стокпорт – Болтон (ФА куп, Англија, 20.45 часот)

Повторениот натпревар во раната фаза од ФА купот повторно мириса на голови, откако првиот меч заврши нерешено 2:2.

Иако Болтон не успеа да ја искористи предноста на свој терен, пак е фаворит против Стокпорт.

Екипата што имаше блескави моменти и настапи на европската сцена ќе се обиде да го поправи киксот од првиот меч.

Стокпорт е два ранга пониско од Болтон, како член на Националната лига на Англија, но одлично одигра против фаворитот од Лига 1.

Ваквите куп-мечеви се непредвидливи и најдобро е да се одигра на голови.

Предлог тип: 1+I& 1+II (1.53)

 

4248 Сантос – Шапекоенсе (Серија А, Бразил, 23 часот)

Сантос е на границата на екипите што би играле квалификации за настап во Копа Судамерикана и победата против последнопласираниот Шапекоенсе му е императив.

Шапекоенсе е веќе испаднат од Првата лига на Бразил и ќе игра само ревијален меч, без преголемо резултатско значење.

Клубот што доживеа огромна трагедија во ноември во 2016 година, кога им загина речиси целата фудбалска експедиција, сега е последен на табелата и ќе се пресели во понизок ранг, што е шанса за Сантос да победи.

Предлог тип: 1&2-5 (1.88)

 

4243 Америка МГ – Атлетико ГО (Серија А, Бразил, 23 часот)

Америка Минас Жераис може со победа денеска против Атлетико Гојаниенсе да се приклучи дури и во битката за првите четири места што гарантираат настап во Копа Либертадорес, натпреварување што е Лига на шампиони на Јужна Америка.

Клубот за којшто игра познатиот Мауро Зарате го има и извонредниот напаѓач Сантос Адемир, кој даде 7 гола на последните 10 меча за Америка.

И Атлетико си има свои сметки, има шанси да игра во квалификациите за Копа Либертадорес, но гостите се во слаба форма со 3 порази и реми на последните четири натпревари, па типуваме дека пак ќе бидат поразени.

Предлог тип: Х-1 (4.05)

 

 

- Оглас -

Најнови вести