Ибракадабра е во топ-форма, Галакси ќе ја сопре серијата на Портланд

Флуминензе – Сао Пауло (Бразил, 00 часот)

На легендарната „Маракана“ ќе гледаме дуел на чтирикратниот шампион на Бразил, Флуминензе и најтрофејната бразилска екипа на интернационалната сцена, Сао Пауло. Популарните „триколори“ имаат 12 пехари како претставник на Бразил на меѓународната сцена што е рекорд и го вбројува клубот меѓу најуспешните во Јужна Америка. Имаат и шест титули првак на својата земја, а ќе биде интересно и да се гледа дуелот на Пато и на Гансо.

Двајцата некогаш супер таленти на бразилскиот фудбал сега ќе ги предбодат своите тимови во битка за бодови во меч од 12. коло.

Пато е еден од клучните играчи на Сао Пауло, а неговиот врсник Гансо е адутот за победа на Флуминензе. И двајцата имаат по 29 години и не успеаја докрај да го потврдат квалитеот, откако своевремено беа рангирани како топ-10 фудбалски таленти.

Сао Пауло е фаворит се наоѓа на петтото место на табелата, додека Флуминензе неочекувано бие грчевита битка за опстанок. Домаќините немаат победа во бразилското првенство на последните шест меча, но ќе играат на крилјата на значајната победа во Монтевидео против Пењарол во првиот меч од осминафиналето во Копа Судамерикана.

Предлог тип: Х (3.00)

 

Олимпија Асунсион – Ривер Плејт (Парагвај, 00 часот)

Како да се игра против тим што е непоразен на 24 меча по ред, е енигмата што треба да ја разрешат во таборот на Ривер Плејт.

Најголемиот клуб во Парагвај и рекордер со 43 титули, Олимпија гази се пред себе и има само еден пораз на домашна почва во последните 35 натпревари. Но и двапати во серијата од 24 меча без пораз што е се уште актуелна не успеа да го победи Ривер Плејт.

Гостите имаат долга фудбалска традиција, основани се пред 108 години, ни немаат значителни успеси, ниту титула во Парагвај. Долго играа во Втората лига, а и се приклучија на елитата во 2016 година. Добро го почнаа новиот шампионат и сега ќе се обидат да изненадат во Асунсион против апсолутниот фаворит и фудбалски владетел во Парагвај, екипата на Олимпија.

Но, популарните „Ел Декано“ играат професорски и се многу блиску до старт со хет-трик победи, откако Олимпија го доби големото дерби на Асунсион против Насионал и потоа го декласира и Дијаз.

Предлог тип: 1&ГГ (2.62)

 

Аргентинос јуниорс – Ривер Плејт (Аргентина, 01 часот)

На стартот од Суперлигата на Аргентина ќе се игра градско дерби на стадинот што го носи името на легендарниот Диего Армандо Марадона во Буенос Аирес.

Аргентинос јуниорс имаше многу мака да постигне гол во последно време и од последните 10 натпревари како домаќин дури осумпати гостите си заминуваа непоразени и без примен гол.

Матијас Ромеро нема да игра против Ривер, што е голем хендикеп за Аргентинос јуниорс, а кај гостите ќе ги нема Хавиер Пинола, Игнасио Скоко и Хуан Кинтеро, што е голем проблем за гигантот од Аргентина.

Марсело Галјардо мора да мисли и на многу значајниот реванш меч со Крузеиро за четири дена во Бразил, во рамките на осминафиналето во Копа Либертадорес. Ривер Плата не успеа да победи, па фудбалски кажано ноческа ќе игра со Аргентинос јуниорс, а ќе мисли повеќе на реваншот со Крузеиро.

Предлог тип: Х2&0-2 гола (1.88)

 

Леон – Клуб Америка (Мексико, 02. часот)

Победнички старт во ефикасни дуели имаа и двете екипи во Апертура, односно во новиот дел од шампионатот на Мексико, а ова ќе биде дерби на второто коло.

Леон во полуфиналето на Класура ја елиминира Америка и ја спречи да ја одбрани титулата и да го подобри рекордот како најуспешна мексиканска екипа. Потоа Тигрес во финалето во битката за шампион беше подобар од Леон.

Америка е рекордер со 13 освоени титули, а и за Леон има место во историјата на мексиканскиот фудбал како прв „Кампеонисимо“ шампион на земјата. Во 1949 година Леон ги освои пехарите и во шампионатот и во купот. И годинава имаат големи амбиции во обидот да ја освојат осмата титула и да и се доближат на Америка.

Во дерби мечевите честопати убавината во играта е споредна работа, важни се бодовите во меч на екипи што имаат амбиции да ја освојат титулата. На последните пет меѓусебни дуели меѓу Леон и Америка се играше тврд фудбал со малку голови.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.96)

 

Портланд Тимберс – Лос Анџелес Галакси (САД, 04.30 часот)

Златан Ибрахимовиќ е во топ-форма и кога е така Галакси без проблеми победува. Швеѓанецот постигна пет гола на последните три меча кои ги играше, а постигна и хет-трик за триумф во големото дерби на Лос Анџелес, против лидерот ФЦ Лос Анџелес.

Портланд е незгоден ривал за Лос Анџелес Галакси и има три победи и реми на последните меѓусебни фуели кога беше домаќин.

Ибракадабра сака да ја сопре серијата, секако со помош на соиграчите и ќе типуваме дека ќе успее во намерата.

Предлог тип: 2 (4.65)

 

 

- Оглас -

Најнови вести