Мауро Икарди веќе не е посакуван во соблекувалната на ПСЖ. Аргентинските медиуми трврдат дека Лео Меси му кажал на тренерот Маурицио Покетино да го продаде соиграчот, а причина за сето тоа е „сапуницата“ во режија токму на Икарди која се случи изминативе денови.
Како што е познато, тој ја изневерил својата сопруга Ванда Икарди, а потоа јавно се извинуваше, па дури и отсуствуваше од натпреварот против РБ Лајпциг.
Ваквото однесување не му се допаднало на Меси, кој од претходно не го посакува Икарди во репрезентацијата на Аргентина токму поради лошото однесување.
Икарди последен пат за Аргентина настапи пред три години, а неговата кариера е проследена со голем број испади.
Пред неколку сезони, тој како играч на Интер се замери со фановите на овој тим, по што при постигнувањето на еден гол, доби свирежи од целиот стадион.