Сара Јанковиќ и Петар Цеков се победниците на Илинденскиот пливачки маратон

Петар Цеков од пливачкиот клуб Вардар и Сара Јанковиќ од пливачкиот клуб Скопје и се победници на традиционалниот Илинденски маратон, кој по 45-ти пат денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро.

Тие во конкуренција од шеесетина пливачи од Македонија и од странство најбрзо ја испливаа патеката во должина од 2,5 километри, од плажата „Горица 1“ до кејот во Охрид.


Маратонот се одржа во организација на клубот за спортови на вода „Охридско бранови 2008“ под покровителство на Советот на општина Охрид.

Илинденскиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање, а натпреварувачите беа поделени во две категории – пливач(к)и постари од 16 години и пливач(к)и од 8 до 15 годишна возраст.

- Оглас -

Најнови вести