Сараево ќе заработи милионска сума за фудбалер кој одиграл само девет минути?!

Колумбискиот фудбалер, Кевин Виверос, минатото лето за сума од 800.000 евра потпиша двегодишен договор со босанскиот прволигаш Сараево, но за оваа екипа одигра само девет минути. Виверос во игра влезе на мечот од Конференциската лига против Торпедо Кутаиси во Грузија, а потоа буквално исчезна. Следуваше информација дека фудбалерот се вратил во татковината и како позајмен ќе настапува за екипата на Атлетико Национал до крајот на сезоната.

25-годишниот Колумбиец блескал во дресот на Атлетико, па сега тие сакаат да го откупат неговиот договор за 1.2 милиони евра. Ако на ова се додаде дека екипата од Колумбија плати 138.000 евра за неговата позајмица, Сараево би заработил одлична сума за фудбалер кој го носел нивниот дрес само девет минути.

- Оглас -

Најнови вести