Сари го отпиша Манџукиќ за дуелот со Фиорентина

Марио Манџукиќ не е вклучен во составот на Јувентус за утрешното гостување кај Фиорентина во рамки од третото коло во Серија А. Оваа одлука на тренерот Сари не е поради што Хрватот се соочува со здравствен проблем, туку му даде простор да ги разгледа понудите кои стигнаа од САД и Катар.

Манџукиќ е во дилема, но се очекува во најскоро време да го напушти Торино откако не се најде на списокот фудбалери кои ќе настапуваат во Лигата на шампионите оваа сезона. Искусниот голгетер засега одби преселба во редовите на Ал Гарафа, чека понуда со подобри услови која ќе го наговори да го напушти италијанскиот првак.

За дуелот со Виолетовите кој е закажан за утре во 15 часот, на списокот се најде Арон Рамзи, кој веројатно ќе добие шанса да дебитира во дресот на Бјанконерите.

- Оглас -

Најнови вести