Сари има пневмонија, нема да го води Јуве против Парма?

На денешниот попладневен тренинг на Јувентус се појави Кристијано Роналдо, кој тренираше нормално со соиграчите, подготвувајќи се за стартот на сезоната и мечот со Парма, но го немаше тренерот Маурицио Сари.

Од Јуве, со соопштение ја известија јавноста дека Сари е болен и дека проблемите ги има од минатата недела. Овој 60-годишен стручњак, кој летово стана тренер на италијанскиот првак, има пневмонија, објавија медиумите на Апенинскиот Полуостров. Тој бил присутен во тренинг-центарот и им давал инструкции на помошниците, но лично не се најде на терен. На Сари му е препишана специфична терапија и неизвесно е кога ќе дебитира на официјален меч на клупата на Бјанконерите.

Јуве првиот меч од новата сезона во Серија А го игра в сабота, од 18 часот, па ако Сари не биде доволно закрепнат, екипата ќе ја води асистентот Џовани Мартушело, исто како на пријателскиот меч со Триестина.

- Оглас -

Најнови вести