Сари брка четворица од Јувентус, но го задржа миленикот за кого сите мислеа дека ќе си оди

Јувентус летово беше активен на фудбалскиот пазар и успеа да се засили пред походот во освојување нови трофеи. Сепак, освен што носи играчи, Старата дама мора да се раздели со дел од фудбалерите кои ги има. Тренерот Маурицио Сари направи првичен список од четворица играчи кои сигурно ќе го напуштат Торино во овој преоден рок.

Најавите се дека на листата на Сари за заминување се: Матео Перин, Сами Хедира, Мојс Кејн и Блез Матуиди. Иако се очекуваше дека од клубот сигурно ќе си замине Гонзало Игуаин, засега аргентинскиот напаѓач не е во опција за продавање.

Игуаин е миленик на Сари уште од времето кога играше во Наполи, а заедно работеа и минатата сезона во Челзи. По доаѓањето на Сари во Јувентус, Игуаин се врати во клубот со којшто има актуелен договор.

 

- Оглас -

Најнови вести