Сари: Јувентус е најголемиот италијански клуб во моментов

На претставувањето како тренер на Јувентус, Маурицио Сари, искажа многу пофални зборови на адреса на неговиот нов клуб, иако во минатото им беше голем ривал и ги навредуваше.

„Во Наполи дадов сè од себе, па се решив за прекрасното искуство во Премиерлигата. Во минатото, мислев како да го победам Јувентус, а некогаш иако дававме 110 проценти, не успевавме. Јувентус е најголемиот италијански клуб во моментов и кога ми даде шанса да се вратам во Италија, прифатив. Ова ми е круна на кариерата. Многу беа посветени во намерата да ме ангажираат и тој однос ме привлече. Се надевам дека италијанската лига ќе се доближи до англиската. Очекувам интересна сезона. Во Јувентус, победите се задолжителни, но мора да се биде претпазлив со секој противник. Јас секое утро се будам со мислата како да го добијам претстојниот натпревар“ – рече Сари, кој би сакал две до три вистински засилувања во тимот, а потоа ќе одреди во каква формација ќе игра Јувентус.

„Во Челзи тренирав некои одлични играчи, но да се работи со Кристијано Роналдо е чекор напред за мене. Би сакал да му помогнам да собори уште рекорди. Ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите, но тоа е монструозно тешко натпреварување. Знам дека има луѓе кои со скептицизам гледаат на моето доаѓање, но со добри резултати и моето ангажирање од 110 проценти, ќе исчезне тоа“ – оптимист е Сари.

- Оглас -

Најнови вести