Манчестер јунајтед има примено 14 гола сезонава, Челси само пет, лондонскиот тим има дадено пет гола повеќе, а под водство на Жозе Мурињо, Јунајтед загуби на последните четири гостувања кај екс клубот на португалскиот стручњак.
Но, сите овие бројки не мора ништо да значат, дербито од 13.30 часот е посебно. Пораз за гостите, ќе значи 10 бода заостанување зад Челси, а може да значи и заминување на Мурињо. Нерешено, нема да биде трагедија за „црвените ѓаволи“, па аналитичарите прашуваат дали Мурињо ќе се брани со сите сили, и ќе го „паркира автобусот“ пред голот на Давид Де Хеа.
Еден Азар е во страшна форма, даде седум гола, и од него ќе зависи дали Челси ќе доминира на средбата.
Кај Манчестер, неизвесни се Шо, Матиќ, Мек Томинеј, Лингард, Ерера и Рохо, додека кај домашните, проблеми со повреди имаат само Баркли, Рудигер и Ковачиќ.
Овие два тима се сретнале 180 пати, првпат во далечната 1905 година. Челси има 54 победи, Јунајтед 49, а последниот дуел му припадна на лондонскиот тим со 1:0. Со Мурињо како тренер, Манчестер нема дадено гол на гостување кај Челси.