Сари ќе трампа играч за врска за уште еден десен бек

Далеку е јануарскиот преоден рок, во топ 5 лигите во Европа уште не се одиграле ниту 10 кола, но има клубови кои уште сега се подготвуваат за зимски шопинг. Еден од тие клубови е италијанскиот првак Јувентус, а нивниот план е да се засили десната бековска позиција поради дефицит, но и чести повреди.

Старата дама ова лето го замени Кансело за Данило, но Бразилецот се здоби со повреда и не е на располагање кај тренерот Сари. Во натпреварувачки погон не е ниту Де Шиљо, па затоа вчера во победата над Спал во улога на десен бек беше Квадрадо.

Затоа Сари најде начин како да доведе засилување на ранливата позиција и при тоа да не потроши средства. Наводно, во јануари ќе го понуди Емре Џан на ПСЖ, за да ги добие услугите на Томас Мение. Веќе се кројат планови како да се оствари оваа директна трампа, а воедно Јуве ќе се ослободи од незадоволниот Џан, кој не се најде на списокот играчи за Лигата на шампионите и ретко добива шанса за настап.

Јувентус го проценува Џан на 40 милиони евра, слично вреди и Мение, па доколку Светците се согласат, овој трансфер лесно ќе се оствари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести