Сари: Кепа ќе брани во еден од следните два меча

Во пресрет на неделната пресметка со Фулам во малото градско дерби, менаџерот на Челзи Маурисио Сари, потврди дека Кепа Аризабалага наскоро ќе се врати во стартниот состав на „сините“. Шпанскиот голман беше во центарот на вниманието откако одби да биде заменет во финалето од Лига Купот на Англија против Манчестер сити. Kепа подоцна доби и казна од клубот, му беше одземена еднонеделна плата, во износ од 190.000 фунти.

Во средата меѓу диреците се најде Вили Кабалјеро, искусниот аргентински голман успеа да ја сочува мрежата во победата над Тотенхем со 2-0. 

„Сигурен сум дека во еден од следните два натпревари Кепа ќе брани“, истакна Сари, а потоа го пофали Кабалјеро за „чистата мрежа“ во градското дерби: „Среќни сме со настапот на Вили, сега знаеме дека е способен да брани и против сили екипи, во тешки дуели“, додаде италијанскиот стратег.

Челзи во недела (15:05 часот) гостува на „Крејвен котиџ“ против екипата која вчера го отпушти тренерот Клаудио Раниери, а на негово место дојде Скот Паркер.

- Оглас -

Најнови вести