20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Сари му кажал на Роналдо дека ќе го користи како класична „деветка“

Новиот тренер на италијанскиот шампион Јувентус, Маурицио Сари, првата новина која ќе ја внесе во тимот е тоа што главната ѕвезда Кристијано Роналдо, веќе нема да го користи како крило, туку како централен напаѓач. Сари смета дека Португалецот не треба многу да се троши трчајќи напред-назад покрај аут линијата.

Сари смета дека Роналдо е најопасен кога е во врвот на нападот, и во Јуве ќе му даде улога на класична „деветка“. Тој го информирал и лично фудбалерот кој е на одмор во Грција.

Ова ќе значи дека клубот речиси сигурно ќе го продаде Марио Манџукиќ кој би станал непотребен и резерва на незаменливиот Роналдо, а допрва треба да се донесе одлука што ќе се прави со Гонзало Игуаин. Сари нема ништо против Аргентинецот да остане во Јуве, но прашање е дали популарниот Пипита ќе сака да грее клупа.

- Оглас -

Најнови вести