Сари: Не е нормално што мора да продадеме шест играчи

После поразот на Јувентус од Атлетико во пријателскиот меч во Стокхолм, тренерот на италијанскиот првак, Маурицио Сари, изрази незадоволство од пишувањата на новинарите и кажа што му е најголемиот проблем.

„Некогаш навистина се запрепастувам кога читам. Никаде не видов дека пишува оти мора да се ослободиме од шест играчи за да го задоволиме бројот на фудбалери на листата за Лигата на шампионите. Ова ме става во многу тешка позиција на 20 дена пред крајот на преодниот рок. Срамота е што ризикуваме некои наши играчи да не може да настапат на највисокото ниво на натпреварување. Не знам што ќе биде со Дибала, тој со мене имал само два тренинга, секоја оценка е преуранета. Пазарот е таков што јас за ништо не се прашувам, мора да се носат одлуки кои не ни се допаѓаат, знам дека треба да се ослободиме од шест фудбалери. Би сакал сите да ги задржам, но во ЛШ ќе имаме 22 играчи и три голмани“ – рече Сари.

- Оглас -

Најнови вести