Сари: Немаме намера да го убиеме Кепа, но…

Маурицио Сари остана мистериозен за тоа кога се работи околу инцидентот кој се случи за време на финалето до Лига купот, кога голманот на Челзи, Кепа Аризабалага, одби да ја послуша одлуката на тренерот и не го напушти теренот. 

„Разговарав со Кепа, разговарав со сите. Тој се му извини на техничкиот дел од тимот, но тоа не е доволно. Им се извини и на соиграчите. Немаме намера да го убиеме“, беше првата реакција на Сари на прес-конференцијата пред утрешното градско дерби против Тотенхем.

Италијанскиот стратег вели дека засега не знае дали Кепа ќе брани на дербито против Тотенхем и таа одлука ќе биде донесена пред мечот.

„Не знам кој ќе брани. Уште немаме донесено конечна одлука. Мислам дека е подготвен и дека нема повреда. Тоа ќе биде одлука која ќе ја донесат сите играчи. Тоа што се случи против Сити беше необична ситуација. Немаше како да реагирам. Клубот реши да го казни Кепа, а тој тоа го прифати. Се работеше за големо недоразбирање. Не сакав пеналите да ги брани голман кој има проблеми со грчеви. Кабалјеро многу добро ги познава поголем дел од играчите на Сити и мислев дека е подобро да се има целосно подготвен голман за бранење на пеналите“, објасни Сари.

Тренерот на Челзи вели дека е подготвен дури и да добие отказ, а тоа ќе зависи од сопственикот на клубот.

„По неделниот меч, за мене работата е завршена. Не сум веќе под притисок. Мора да ги прашате одговорните луѓе во клубот. Не знам зошто мене ме прашувате. Јас сакам да победувам на секој меч“, заврши Сари.

 

- Оглас -

Најнови вести