Маурисио Сари дебитираше како тренер на клупата на Јувентус, а стартот е со пораз од Тотенхем на Интерконтиненталниот куп.
Со прекрасниот гол на Хари Кејн од половина терен во последните моменти лондонскиот клуб славеше со 3:2, а Сари вели дека и покрај поразот Јувентус покажал дека има штоф за големи дострели.
„За почеток не е лошо, бидејќи игравме со ривал што е многу понапред со подготовките за новата сезона. Англиското првенство почнува порано од Серија А и играчите на Тотенехм беа физички подобро подготвени. Одигравме многу квалитетни 20-на минути во второто полувреме, но ќе мора и да корегираме доста работи. Загубивме неколку топки во опасната зона, што не смее да си го дозволат фудбалери што играат за Јувентус. Како ќе одминува времето ќе бидеме се подбри“, изјави Сари.
За Јувентус дебитираше Матријс Де Лихт, големото засилување на стоперската позиција од Ајакс, а кам-бек во Сингапур на мечот со Тотенхем имаа Буфон и Игуаин. За Старата дама ова беше прв подготвителен меч пред стартот на Серија А.