Сари остана без бекови

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, се соочува со проблеми во пресрет на дуелот против СПАЛ кој е закажан во сабота, во рамките од шестото коло во Серија А. Ниту еден од тројцата бекови не е во натпреварувачки погон – Данило се здоби со повреда на бутниот мускул и ќе паузира неколку недели, Де Шилјо е отсутен веќе извесно време, а сега и Алекс Сандро недостасува.

Бразилецот побарал да се врати во родната земја поради семејни обврски, починал неговиот татко, по што клубот му даде дозвола замине. Единствена опција која може да ја користи Сари е Хуан Квадрадо, кој по потреба и порано играл на десната бековска позиција.

Проблем останува кој ќе ја покрие левата страна, позиција на која повремено требаше да игра младиот Лоренцо Пелегрини, но тој е на позајмица во Калјари до јануари.

Италијанскиот стратег до сабота ќе мора да смисли како ќе го состави тимот за дуелот во кој Јуве е апсолутен фаворит.

- Оглас -

Најнови вести