Сари првпат го надмудри Пеп: „Граѓаните“ потклекнаа против Челзи

Челзи со 2-0 го совлада Манчестер сити во дербито во 16. коло од Премиер лигата. Маурисио Сари за првпат во својата тренерска кариера го надмудри Пеп Гвардиола, а неговите избраници им го нанесоа првото разочарување на „граѓаните“ во оваа сезона.

Иако гостите тргнаа самоуверено на средбата и беа поконкретни, Челзи при првата посериозна прилика ја затресе мрежата на Едерсон. Во 45-тата минута, Азар го пронајде Канте во шестнаесетникот, а овој без размислување ја заби топката за грбот на бразилскиот голман.

„Граѓаните“ се обидуваа да се вратат во игра што побрзо во вториот дел, но наместо да израмнат, Челзи повторно искористи една од ретките шанси да постигне гол. Азар повторно во улога на асистент, овојпат од корнер нафрли точно до Давид Луиз, кој беше највисок во скокот и практично ја осигура значајната победа.

Со првиот овосезонски пораз, Сити го загуби првото место и остана на 41 бода, сега Ливерпул се први со 42 бода, додека Челзи со  34 бода се наоѓа на третото место по 16 натпревари.

https://www.dailymotion.com/video/x6ymkws

 

https://www.dailymotion.com/video/x6ymnay

 

- Оглас -

Најнови вести