Интер е фаворит за привлекување на италијанскиот стручњак Маурицио Сари, кому му се чини дека по поразот од Евертон, деновите на клупата на Челзи му се одбројани.
Сари, кој има 60 години, можеби ќе добие отказ уште за време на репрезентативната пауза, но дури и ако го „преживее“ овој период, сигурно е дека нема да остане кај „сините“ и по завршувањето на сезоната.
Според некои италијански медиуми, Сари е пореалната од двете опции за тренер на Интер во следната сезона. Лучијано Спалети сигурно ќе се раздели со „нераѕурите“, а Интер за негови наследници ги посакува Антонио Конте и Сари.
За Сари, кој е некогашен тренер на Наполи, се интересира и Рома, која неодамна се раздели со Еузебио ди Франческо.