Челзи беше декласиран од Борнмут, сосема неочекувано доживеа тежок пораз од 0-4, а по мечот, менаџерот Маурицио Сари призна дека има проблем.
„Ова е фрустрирачки. Јас сум виновен и морам да признаам дека не успевам да ги мотивирам фудбалерите. Не ја знам причината, но ова што го доживеавме во второто полувреме е шокантно за мене“, изјави Сари.
Ouch – Maurizio Sarri isn't happy.#BOUCHE pic.twitter.com/veH4udGf5c
— BBC Sport (@BBCSport) January 30, 2019
Ова е најтешкиот пораз на Челзи во последниот четврт век, а речиси се загубени и минималните шанси за титулата, па дури е загрозен и пласманот во Лигата на шампионите за тимот од кого се очекуваше многу повеќе во Премиер лигата.