Сари: Уште не сте го виделе Јувентус во најдобро издание

Јувентус го доби дербито на Италија, и тоа на гостински терен против Интер со 2:1. Оваа победа беше доволно за Старата дама да го турне Интер од лидерската позиција, па актуелниот првак сега е на чело. Во поголем дел од мечот Јувентус одлично ја контролираше играта и на крајот стигна до трите бода, иако до овој меч Нераѕурите знаеја само за победи во Серија А.

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, вели дека сегашната смена на лидерската позиција на табелата нема многу големо значење, но и дека неговиот тим допрва дека да покаже сила.

„Заслужено победивме против екипа која досега редеше само успеси. Го поминавме Интер на табелата, но тоа сега не е многу битно. Уште го немате видено Јувентус во најдоброто издание. Де Лихт уште се приспособува на нашиот стил на игра. Имаме многу квалитетни играчи кои играат како вистинска екипа и затоа создаваме шанси за гол“, рече задоволниот стратег на Јувентус, Сари.

 

- Оглас -

Најнови вести